Почитувани,
Би сакале да споделиме некои информации добиени од нашите италијански колеги во однос на чистењето и дезинфекција со нашите производи од аспект актуелниот Коронавирус.
За чистење и дезинфекција на подни површини како што се : керамички плочки, мермер, бетон, тоалети и др. Се препорачува користење на ВЦ гел АРИС , кој може да се раствори со вода во размер 1:4 или за поголеми површини 1:6. Оваа средство функционира дезинфекционо и само со апликација, за кратко време, без физичко триење и плакнење.
ВЦ ГЕЛ АРИС е на база на натриум хипохлорид (5%) и е најефикасно средство од аспект на Коронавирус.
За чистење и дезинфекција на површини во домот, каде поради агресивноста не може да се користи ВЦ ГЕЛ АРИС, како мебел, ткаенини, еко кожа , ламинат и други понежни материјали, но и керамички плочки и тоалети препорачуваме АРИС САНИСАН.
САНИСАН е катјонски детергент на база на бензалкониум хлорид (1%) . Потребно е по апликација да се протрие и пребрише со навлажена крпа од истото средство . Каде има услови пожелно е да се исплакни со вода. И САНИСАН за поголеми површини може да се раствори во вода 1:4 односно до концентрација од 0,2%.
Овие два производи не смеат да се комбинираат!
Коронавирус е вирус со обвивка (enveloped virus) и еден од вирусите кои најлесно се одстрануваат со едноставни детергенти, сапуни и вода. ИЗВОР( Roberto Burioni и Nicasio Mancini на страницата 'MedicalFacts'-ricordiamo che il virus è completamente inattivato da acqua e sapone e da altri detergenti) Во оваа смисла, бидејќи по чистењето се плакни со вода и АРИС ДЕГРАС успешно служи во оваа намена.
Овие совети се на база на нови истражувања на производи со исти активни компоненти.
Очекувајте уште постови со слична содржина.
Се надеваме дека нашите совети ќе ви помогнат во одржување на хигиената во вашиот дом.

Categories: СОВЕТИ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: