АРИС Д.О.О. е основана во 1993 година, како една од првите компании за производство на средства за хигиена во регионот, во форма на занаетчиска работилница.
Денес АРИС располага со модерни производствени и магацински капацитети, широка палета на производи и развиена субдистрибутерска и микродистрибутерска мрежа на териториите на Македонија, Србија, БиХ и Косово.
Нашата палета брои околу 50 производи, кои се распоредени во следниве категории:
- средства за отстранување на дамки
- средства за одзатнување на одводи
- средства за миење садови
- средства за дезинфекција
- средства за отстранување наслаги од бигор
- абразивни средства, средства за WC школки
- средства за стакло
- средства за подови
- политура за мебел
- течни детергенти за алишта
- омекнувачи
- течни сапуни за миење раце
- гел за дезинфекција на раце
- шампон за коса
- регенератор за коса
како и широк асортиман на средста за чистње за потребите во индустријата.